ЕУ проект „ Поддршка за вработување на млади“ раководен од Агенцијата за вработување на Република Македонија
Зголемете ја веројатноста за ваше побрзо вработувањe? ПРИЈАВИ СЕ
Потребата за вработување на младите до 29 години е подолго време присутна во македонската јавност, но и пошироко во Европа и Светот. Решенијата за оваа потреба се гледаат во понудата на знаење, вештини и компетенции што ќе им олесни патот за доаѓање до работа. Главно тие решенија се нудат од возрасните , како поспособни да го решат вработувањето на младите.
За жал поголем дел од младите се согласуваат на ваквиот пристап, кој се заснива на размислувањето дека младите треба да направат нешто повеќе, да имат нешто плус од она што сега се и она што сега го имаат. Праксата покажува дека овој пристап е непродуктивен и повеќе ги маргинализира младите отколку што ги оспособува за вклучување во националната економија. Пример: Во континуитет околу 7.000 работни места се огласени и непополнети , наспорти 22.000 невработени млади.
Пристапот во обуките за „Вештини за барање работа“ е поинаков и ги оспособува младите да работат и заработуваат со тоа што сега го знаат и имаат како вештини и компетенции. Ова од причина што доколку некој не може да заработува од она што сега го има, мала е веројатноста да заработува и после добивање на повеќе дипломи и сертификати.
Затоа фокусот во обуката е да се понуди логичен систем на организирање на невработениот млад човек во барањето работа , кој ја зголемува веројатноста тој брзо да се вработи или да се вклучи на пазарот на трудот преку активните мерки за вработување на Владата на Република Македонија, кои се спроведуваат од Агенцијата за вработување на Република Македонија.
Обуките имаат за цел да им помогнат на учесниците да ги надминат главните пречки во барањето на работа, несовпаѓање на интересот на барателот на работа и работодавачот и несовпаѓање на вештините што ги бара работодавачот.
1) Кратката дводневна обука, времетраење од 10 часа, е дизајнирана да ги мобилизира учесниците да ги организираат своите акции кон работно место и/или работодавач кој се совпаѓа со нивниот интерес. Поминуваќки го процесот на активно барање на работа учесникот си поставува цели, ја организира документацијата според барањата на посакуваниот работодавач, ги осознава техниките за интервју и поставува комуникациски канали (вмрежување) што ќе ги подржуваат неговите цели за вработување. На крајот на обуката учесникот изработува Тримесечен план за активно барање работа.
2) Долгата четиридневна обука, времтраење од 25 часа, е надградена со цел мобилизирање на учесниците за надградување на своите вештини за комуникација и преговарање за понудено работно место, како и подготовка за работа за конкретно работно место. На крајот учесникот покрај тримесечниот план за активно барање на работа и Индивидуален план за вработување со цел надминување на несовпаѓањето на неговите вештини со оние што се пторебни за посакуваното работно место.

Активно барање работаАктивен барател на работа е поединец кој бара вработување, притоа користејќи различни пристапи:
|
Совпаѓање на Интересот и ВештинитеУспехот во активното барање работа е совпаѓање на интересот на барателот на работа со вештините што ги бара работодавачот.
Младите се среќаваат со два вида на проблеми,:
подготовка за вработување и вештини за барање работа“ |
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ОБУКИТЕ
ОрганизацијатаВо периодот Јули-Ноември 2017 во 30 центри за вработување во Република Македоника ќе се спроведат обуки за вешптини за активно барање работа и подготовка за работа.
САМОДОВЕРБА +ПРИМЕНЛИВО ЗНАЕЊЕ+ВЕШТИНИ +КОМПЕТЕНЦИИ = ВРАБОТУВАЊЕ +ПРОФЕСИОНАЛЕН РАЗВОЈ
Пријавете се во најблискиот општински центар за вработување

Организатори на обуката
Обуките ги организира конзорциумот БАСМЕ КТ, ЗБК КРЕАЦИЈА И ЕПИЦЕНТАР.
Материјалите за обука се изработени од Ристо Иванов, Д-р, СМС, РМР експерт и тренер за актинви мерки за вработување.
Коориднатор на обуките е Влатко Данилов
Во обуката се вклучени 22 тренери од различни градови во Република Македонија.