ИСКУСТВА
од реалиираните обуки за Вештини за активно барање работа.
Во периодот од 7 до 25 август 2017 година се реализираа повеќе обуки на темата Вештини за барање работа. Високиот степен на задоволство на учесниците, млади до 29 години, покажа дека има некои суштински прашања на кои младите немаат одговор во процесот на барање на работа. Затоа како креатор на материјалите за обука сакам да дадам краток осврт на недостатокот на важни способности кај младите за побрзо доаѓање до работа и поголема заработувачка.
- Способноста да се управува со сопствените инвестиции во пари и време. Најголемиот број учесници на обуките беа млади со завршен факултет. На прашањето колку инвестиравте во вашето образование скоро никој не можеше веднаш да даде одговор. Уште потешко им беше да одгворат како планираат да им се врати инвестицијата од стекнатото образование. Независноста и осамостојувањето на секој поединец, особено на млад човек, поврзани се со способностите да се носат исправни одлуки кога се инвестира во знаење. Можеби затоа сесијата за тоа како се носат и вреднуваат одлуките за вработување предизвика најголем интерес кај учесниците. Особено внимание им привлече начинот на пресметка на користа од работното место и акциите со кои можат да ја зголемат веројатноста да го добијат посакуваното работно место.
- Барање на работа заснована на важните фактори за добивање и задржување на работа. Размислувањата на учесниците за факторите од кои зависи наоѓањето и задржувањето на работат , иако различни ( обраованието, интелигенцијата, врски и познанства, среќа и сл) сепак непродуктивни во однос на постигнување на идни успеси. Преовладувањето на вакви размислувања, ги одалечува младите од нивното вистинско осамостојување и преземање на одговорност за сопствениот статус во општеството. Незначителен фокус беше даден на најважните фактори за млад човек: личните спосбности и интересот за стекнување сопствена заработувачка. Објаснувањето на важноста на овие два фактори се покажа како основа за успех во сите идни напори за организираноста на учесникот во барањето работа.
- Поставување цели со чие остваување ќе направат промена во начинот на живот и работење. Навидум едноставно но без некои претходни знаења учесниците ги поставуваа целите за свое вработување. Но, заедничко за сите беше дека најчесто тоа беа немерливи цели. А тоа што не може да се измери поединец не може ни да го управува. Затоа целите повеќе личеа повеќе на изјави отколку на јасно разбирлива идна состојба што учесникот сака да ја достигне како резултат на неговите акции. Уште поизразена беше неможноста учесниците да кажат што ќе им се лсучи кога ќе ги остварат целите, поточно кои промени ќе се случат во нивниот живот. Имено целите се поставуват , не заради самите цели, туку за да се направат некои промени во животот на младиот човек. Се покажа оправдана и корисна вежбата за поставување цели која потоа се кроситеше за изработка на тримесечн план на акции на учесникот во процеост на барање работа.
- Отсуство за разбирање на сопствената компетентност. Секоја квалификација/работно место се состои од занење, вептини и компетенции. Кај учесниците се покажа акумулирано знаење и вештини за одредени задачи, стекнато преку образованието и практично искуство. Но многу изразено е отсуството на компетентност, самостојно и одговорно применување на знаењето и вештините. Сесиите поврзани со дефинирањето и идентификувањето на сопствените компетенции покажаа дека постојат многу компетенции што учесниците ги имаат но, од различни нивни причини, не ги вреднуваат како капитал за добивање работно место. Фокусирањето на нивнот индетификување и внесување во биографијата делуваше мотивирачки за повеќето учесници, а околу 50% од учесниците ги вклопија во нивните акции за барање работа.
- Способноста да се вреднува сопствената работа и пресметка на плата за посакуваното работно место. Очигледно дека младите посветуваат повеќе време на стекнување вештини како некоја работа да се изврши. Учинокот и платата на секој вработен од аспект на работодавач се мери според постигнатиот квалитет на продуктот/услугата и обемот на испорачани услуги. За време на семинарите учесниците полесно го дефинираат квалитетот на работа што треба да го обезедбат, но им беше потешко да ја идентификуваат својата компетентност за постигнување. Укажувањето на овој аспект на компетеноста им овозможи на учесниците да осознаат порди што платите за младите луѓе се пониски од возрасните, како и да разберат која е насоката кон постигнување на овој елемент за нивна поголема компетентост и плата.
Кажувања на учесници од обуката претпримеништво
1. Моето мислење за себе и за другите е сменето. Не толку за себе си, јас веќе знам што сакам но најмногу моето однесување кон другите. Вежбите што ги научив на обуката за претприемништво ми помогнаа најмногу при односот и комуникацијата со другите луѓе. Научив работи што ми се потребни за тоа што моментално го правам. Информација за фирмата што треба да се отвори и маркетинг, и за работи кои што ќе ми се потребни и во иднина . Откако ја започнав обуката имав успех во областа на која што работев лично и на професионален план. Задоволна сум од обуката, професорот и групата и најмногу од себе си. Ви благодарам...
Т. Б
2. Вистина.И ете така курсот по претприемништво заврши...Имав голема желба да научам што е претприемништво, очекував дека ќе учам лекции, дефиниции, но излезе нешто многу поинтересно за мене. Најголемата и најдобрата лекција која што ја научив е стекнувањето самодоверба дека можам сама да почнам да работам нешто. И излезе навистина така затоа што мојата желба и волја станаа се поголеми за да успеам. На курсот запознав луѓе со различни приказни од животот и тоа ми дава силен, поголем потик за да успее мојата приказна . Часовите се нижеа еден по еден и ете дојде крајот на нешто што ќе прерасне пред се надевам во успешна приказна за која дај боже да ја наследи и мојот син.
А.М
3.Курсот за претприемништво кој што го посетував, ми остави убави впечатоци. Научив многу работи поврзани со бизнис и маркетинг планот. И увидов дека за да отвориш некој бизнис претходно треба да имаш некое знаење од претприемништво за добар успех во бизнисот. Многу сум задоволна и од самите предавања. Беа многу интересни креативни и мотивирачки. Благодарна сум ви за знаењето кое ни го пренесовте. Д. В
4. Кога почнавме со развивање на бизнис идеи , мене ми се падна НВО. Прво прашање што си ги поставив беше како ќе остварувам профит? Но како што минуваа предавањата мене оваа прашање ми се разјасни и си реков немора да имам профит. Бидејки се работи за НВО која ќе се занимава со спречување на насилството помеѓу младите мојот успех би било насилството помеѓу младите од 80% да се намали на 40%. Мислам дека ке успеам во ова затоа што во мојата НВО ќе имам и советувалиште за младите кои проблемите ги решаваат на насилен начин , да ги решаваат на мирен начин. В. Х
5.Професоре едно големо благодарам за: Се сакам себеси и другите ме сакаат мене. Ќе си ја повторувам секој ден.Ви посакувам успех на секој план во животот. Благодарам. Б. Н
6.Во теков на изминативе три недели мојот живот драстично се измени. Успеав да склопам пријателство со девојки со кој не се сакавме, меѓутоа сега сме пријателки кој секојдневно се гледаат низ насмевки. Завршив со испитите на факултет и меѓу нив и еден за кој никогаш не верував дека ќе го положам ( Статистика). Потоа секојдневно разговарам со многу луѓе на Фејсбук, пред курсов со три другарки, а сега со 17 луѓе , и последно се осеќам позитивна, сменета во подобра смисла среќна сум, не сум нервозна како порано и најбитно луѓето ме сакаат, а јас почнав навистина да ги сакам сите околу мене. Комуникацијата ми е многу подобрена и се осекам дека сум спремна да отпочнам нешто. Пред курсов не верував во никој и ништо а сега верувам во чуда. Ми се јави и битен човек. Ви благодарам професоре Ристо Иванов... Ј. Б
7. Најпрво сакав на вас да ви се заблагодарам господине Ристо, за прекрасно одржаната обука, која многу ми помогна во личниот развој. Со оваа обука станав попозитивна пољубезна и стекнав голема самодоверба. Многу ме мотивиравте. Научив многу за претприемништво и вашите совети веќе ги користам. Ви посакувам многу успех и се надевам дека повторно ќе се сретнеме во некоја наредна прилика. Искрени поздрави Е. Д
8.Преку одлично одбрана презантација се подига самодовербата, а следствено на тоа и начинот на размислување и промена кон самиот себе, и начинот на доживување на околината спрема нас. Се надевам дека повеќето ќе продолжат успешно да ја остваруваат својата цел, само така успехот ќе биде во нас. Ј.Б
9. Што се случи за време на обуката? Обуката беше на високо ниво стручно и прецизно. Беше предавано јасно, точно, прецизно и разбирливо.Научив многу корисни работи и поучни нешта што никаде досега не сум ги чула. Би сакала да имаше барем уште неколку часови. Часовите со внимателност ги следев, исто така и дома го учев материјалот. Наставата беше интересна со објаснување и илустрирање. Сакам да имаше уште неколку часови бидејки сакам да слушнам лекција за поголема моја решителност околу отварање на фирма.Не сум доволно сигурна во себе и во идејата или можеби да започнам нешто друго (да имам поголем опсег на идеи за бизнис идеја). Да добијам поголема храброст, се плашам од ризиците, општествени и конкурентноста. М. Т
10. За време на обуката научив некој работи кои што можат да ми помогнат да постигнам успех во животот. Тука има неколку аспекти-прво преку зголемување на квалитетот на комуникација со другите луѓе преку љубезност, второ преку зголемување на самодовербата и мотивацијата да се работи и да се успее, трето оној помалку посакуван но не и помалку ефективен начин-а тоа е преку дебатирање и расправа со другите да се докаже сопствениот став и да се побие ставот на спротивната страна, што е вештина која може да донесе успех во доста ситуации и предизвици на оваа ново време каде борбата за опстанок (преживување) често е основен мотив во животот . Резимирано-Јас сум задоволен од овој курс и жалам што не траеше подолго.
П.С. Би сакал да чујам конкретни примери, искуства и проблеми од работењето на сопственици на мали бизниси кои би можеле да ни бидат од полза во евентуалниот наш деловен потфат како и евентуални совети за конкретни дејности каде според мислењето на предавачот постојат нјдобри услови за основање на сопствен бизнис во моментов. Исто така и нешто повеќе за евентуалните извори (домашни и странски) на кредити и грантови за основање на сопствен бизнис. Со Почит, Д,И
11. Бидејќи цел живот сакам да направам бизнис , но немам шанси да го направам тоа што навистина го сакам од срце (што единствено би ме направило среќна, бидејќи која е поентата да работиш нешто што не те прави среќен?), поради тоа што за моите желби се потребни поголеми финансии и овој пат ја искористив шансата да научам уште нешто за бизнисот (инаку учам цел шивот теоретски и практично на одреден начин). И? Научив доста. Обуката беше многу интересна ( поучна, во ниеден момент не ми беше досадно), доучив работи кој што не ги знаев (токму тоа што ми фалеше) и главно атмосферата ме орасположи. Професорот овој пат ( после повеќе години на исто така професионална обука, сум слушала бизнис курс кај истиот професор пред повеќе години), го водеше курсот со големо искуство зад себе, т.е. го презентираше од еден друг агол, кратко јасно и интересно и токму тоа што му треба на еден искусен човек (јас). Исто така ни даде доволно добри информации кои се неопходни за започнување на бизнис. Ми се допаѓа и тоа што и понатаму е расположен за соработка.Како заклучок ќе наведам дека сметам дека сега многу посигурно и полесно би можела да започнам сопствен бизнис користејки една од моите многу идеи. Т. И
12. Случајно дојдов на обуката за претприемништво, немав некои поголеми очекувања но добив животни лекции. Знам дека паметно сум го потрошил времето. Од размислувања и само размислувања до тоа да превземам акција.....Дуќан за компјутери. Г. П
13.Дојдов сосема случајно на курсот по претприемништво. Виновна е мајка ми да не беше таа, немаше да запознаам прекрасни луѓе и професор кој што не натера да веруваме повеќе во себе. Што се однесува до мене не верував дека ќе го издржам до крајот овој курс, но ете и за мое изненадување дојдов и до крајот. Можам да кажам дека научив нешто благодарение на нашиот професор кој што ни објасни се . Значи научив како да бидам пољубезна со луѓето, повеќе да верувам во себе и во моите способности. Се на се беше прекрасно, се дружевме и се надевам дека ќе останеме во контакт со сите од групата. Поздрав. П.А
14. За време на обуката најважната работа која што ја научив е да не се откажувам од тоа што сакам да го работам. Научив дека треба малку повеќе да научам за составот на моите производи , односно посериозно да пристапам. Исто така научив дека за да почнам сопствен бизнис не ми се потребни многу пари . Во секој случај драго ми е што бев дел од обуката и како последица на тоа сега имам храброст да продолжам со моите производи. Ви благодарам професоре. С. М
15.Обуката за претприемништво на мене позитивно влијаеше.Пред се ми се зголеми самодовербата. Кажување на онаа позитивна мисла –Јас се сакам себе си- пред огледало ми влезе некако потсвесно во психа, и до ден денес без исклучок ја повторувам секој ден. Во поглед на предавањата за охрабрување да се почне сам свој бинис, мислам дека донесоа придобивки кај мене, со тоа што го направив првиот чекор и се пријавив да аплицирам за истото. Дознав дека се е до мислата, не може да не ти се оствари само треба вистински да го сакаш и да превземеш акција за да го оствариш. Во секој случај предавањата беа многу интересни и поучни. И се надевам дека многу работи што ги научив на оваа обука ќе ги применувам во иднина. А голема пофалба и за професорот, зошто несебично ни го пренесе сето онаа што го знае со своето досегашно искуство и ме насочи во еден поинаков правец да ги согледувам работите кои ми се случваат во животот-ПОЗИТИВНО. М. Џ
16.Задоволство ми беше што имав прилика да ја посетувам обуката за претприемништво. Би сакалоа да изразам огромна благодарност до господинот Р.Иванов, кој несебично и успешно ни го предаде своето долгогодишно и сериозно познавање во оваа област. На обуката успеав да се стекнам со пошироки познавања од областа на претприемништво. Стекнатото знаење се надевам дека успешно ќе го применам во остварување на мојата цел.Чуствувам поголема сигурност и самодоверба во онаа што ќе се обидам да го направам во периодот што следи. Ги поздравувам и слушателите на оваа обука и им посакувам успех, во онаа што ке одлучат да го прават во иднина. Поздрав, Д.Д
17.За овој курс дознав сосема случајно, односно ми посочија во заводот за вработување кои курсови ги има. Најзанимлив од сите ми беше токму овој курс за претприемништво, бидејки сакав самата да се тестирам дали јас во иднина би била добар претприемач... Дојде и првиот ден со запознавање и со почеток на предавањата. Од членовите во групата бев задоволна а исто и од професорот. Кога заврши предавањето имавме задача во огледало да си кажеме дека се сакаме, и што во текот на денот сме правеле. Искрено не верував воопшто во тоа и не го направив се до следното гледање каде што ми влеавте доверба да го правам тоа...И да не должам многу, лично јас сум презадоволна од курсот, а тоа е благодарение на вас бидејки соработката ни беше многу опуштена и пријателска. Научив многу за тоа повеќе да верувам во самата себе, да бидам по храбра, да ја контролирам избувливоста и да бидам пољубезна дури и кога не го сакам тоа. Исто така да не заборавам, научив и никогаш да не кажувам не, да прифаќам ризици и да верувам дека тоа што силно го сакам ќе ми се исполни...И.Ј
18.Уште пред две години бев заинтересиран за заработка на своја рака. На часовите ја зголемив својата верба во себе и се мотивирав да го продолжам тоа што одамна сакав да го остварам. Продолжувам понатака, знам дека ќе успеам верувам во себе. Благодарност за овие часови што ме насмеавте и што ме научивте на нешто ново...П. И
19.Онаа за кое дојдов беше да го исполнам слободното време и да се стекнам со некое знаење надвор од мојата професија. Тука научив како да имам повеќе самодоверба, да бидам упорна во остварување на тоа што сум го замислила и на кој начин тоа да го остварам. Видов дека не сум била само јас збунета од тоа што и како да се прави во животот за да се чувствуваш корисен за себе и за својата околина. Се стекнав со нов круг на познаници и пријатели, кој што се надевам дека како и јас уживаа во овие предавања. На крај решена сум дека имам сила и способност да почнам нешто ново и тоа ќе успее.К. Ѓ
20. Со куп надежи започнува нова обука. Училница во ОУ, враќање во детството, десетина дами збунето се погледнуваме. Дојде и професорот , како ќе се справи со нас??? Интересен почеток на наставата... Лесни приказни со тешки заклучоци, вежби за самодоверба... Се насмевнав во себе, зар мене тоа ми фали? Но времето е вредно за сите кога сум дел од оваа ќе одам до крај. Еве на крајот знам дека вредам уште повеќе и дека можам уште повеќе. Пред мене нов почеток, верувам, знам дека ќе успеам. П.С. Признавам професорот се справи на многу интересен начин со нас а не ни осетивме.К.М
21.Да се сакам себе си! Да ги отфрлам негативните мисли кои ме напаѓаат да се чувствувам безвредно. Да ги контролирам контактите, непотребните муабети да ги отфрлам и да се држам на корисните контакти. Да мислам на размена обавување контакти со фирми, визит карти,веб, рекламни понуди, телефонски разговори. Сеуште назнам да направам бизнис план. o П.С. Ми даде потик да размислувам како да станам претприемач. Благодарност до професорот. § Ж.И
22. Семинарот беше одличен и комплетно ги исполни моите очекувања. Се стекнав со знаења за област која досега не ми беше блиска и во доменот на моите интереси. Предвачот Ристо Иванов вложи навистина голем труд да ни го пенесе своето знаење и искуство за претприемништвото. Не само теоретско туку и да има практична примена. Ме потикна да ги реализирам моите бизнис идеи. Ј.Б