РИПНИ - Работа И Пари              Ние Имаме

  • Почетна
  • Вештини
  • Успех
    • Тестови
    • Бизнис План
    • Маркетинг План
  • Зошто ?
  • Сведочења
  • Пријавување за Обуката

Од што зависи успехот од акцијата на еден прептриемач?

4/1/2012

0 Comments

 
Се согласивме дека мислите ја одредуваат нашата акција. Но од што зависи успехот на вашите акции? Процесот на размислување на еден претприемач се фокусира на три главни области:
1  Верувате ли дека сте способни да предизвикате ефект и да влијаете на вашата околина и луѓето што ве опкружуваат?  Најголемиот број на луѓе сметаат дека немат способности да влијаат на тоа што им се случува во животот ниту дека можат да променат нешто во нивната околина.  Оваа мисла е прва и потекнува од начинот на расудување. За ова повеќе на блогот www.voznes8.blogspot.com
2. Следно е дали Сакате  да промените нешто во вашата околина. Дали луѓето посакуваат нешто убаво за себе зависи најмногу од нивното верување дали имаат способност да го остварат тоа.  Желбата да се добие повеќе од животот е тесно поврзана со цената што поединецот треба да ја плати за да го добие тоа што го сака.  Претприемач е човек што е подготвен да ја плати цената за да го добие тоа што го сака.  Значи секој е во состојба да го добие тоа што го сака доколку е подготвен да плати цена за тоа. Затоа нејчесто не посакувате нешто поголемо и подобро за вас затоа што не сакате да ја платите цената за тоа, поточно сакате да добиете нешто но не сакате да ја платите цената за тоа. А што е цената?  Вашата лична подготвеност да со сила на вољата се менувате така за станете способен самиот да го остварите тоа што го сакате.  Ако не посакувате нешто тоа е зошто не сакате да се менувате.
3. Третиот фактор е вашето Знаење за тоа како се случува размената со околината и другите луѓе. Повеќе за размената на линкот работата е комуникација.
Најголем број на луѓе не прифаќаат да станат прептриемачи бидејќи не сакаат да учат како да ја подбрат својата размена со другите луѓе на двострано добро, свое и на тој што користи тпроизвод или услуга. 
Знаењето за околината и другите луѓе ви овозможува да разберете како размената  се случува и да го внесате вашиот талент во оној бизнис што ќе ви донесе најмногу за вас и вашите купувачи. 
0 Comments

    Автор: Ристо Иванов

    Повеќе од 10 години ја развивам методологијата РИПНИ во Република Македонија.. Над 10.000 луќе дошле во контакт со неа. Во овој блог сакам да го коментирам моето искуство во примената на методологијата и созананието дека размената на поединецот со другите луѓе е многу важна за неговиот живот. Сфатив дека постојат навистина добри причини поединецот да работи и да дава противвредност за она што го добива од животот. 
    Тие причини сакам да ги спосделм на овој блог со корисниците на методологијата.

    Archives

    April 2012
    February 2012

    Categories

    All
    Вредности
    Комуникација и Работа
    Талент

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.