Работата е комуникација на поединец или група со другите луѓе во која се испорачуваат (разменуваат) вредности помеѓу луѓето. Во реалниот живот постојат четири видови на размена што ги користат луѓето. Многу е важно кој вид на услуга ќе се избере за да успех во тоа што се работи. Затоа блогот го почнувам со објаснување на четирите видови на зрмена што постојат помеѓу луѓето.1. Првиот тип на размена е кога од едната страна се нуди вредност, а од другата не се дава никаква противвредност. Што тоа значи? Сте платиле за услугата, сте дале пари, меѓутоа не сте добиле противвредност. Пр.одите на чевлар, кажувате дека сакате да ви биде заменета петата на кондурата, излегувате од кондураџијата, после сто метри повторно петата ви паѓа, ја губите. Значи, сте платиле за услугата, меѓутоа не сте добиле противвредност за вашите пари. И тој тип на размена е најлошиот тип на размена, кога едната страна дава вредност, а за тоа не добива никаква друга противвредност.
2.Вториот тип на размена е нефер размена, каде што едната страна дава повеќе вредност отколку другата страна. На пример гледате во некој каталог ви се нуди книга во која што ви се вели дека ако ја купите добивате плус и одреден поклон како покажувач за читање или некои други додатни поклони. Одите да ја купите книгата, прво не ви ја испорачуваат во форма во која што ја рекламираат, на пример наместо тврди корици да има меки корици и на крај ви велат дека не можете да добиете подарок. И, вие плаќате одредена вредност за книгата, а од друга страна не ја добивате вредноста која што е декларирано дека ќе ја добиете. Овој втор тип на размена е нефер размена.
3. Третиот тип на размена е кога добивате иста вредност за вашите пари, толку колку што било предмет на размена. Овој тип на размена се вика фер размена. Значи, има приближно еднаква вредност и од страната на давањето и од страната на примањето и размената се случува на фер основи.
4.И, четвртиот тип на размена е таканаречена дијамантска размена каде што оној што купува добива повеќе вредност. Попрецизно понудувачот изпорачува повеќе вредност од она што купувачот платил. На пример, нарачате спална соба, оној каде што сте ја купиле не само што ви го обезбедува квалитетот што сте го барале, туку организира транспорт до вашата куќа, плус тоа ви обезбедува дополнително монтажа, на некој начин ви нуди повеќе од она што било декларирано како вредност на производот. Оваа размена се нарекува дијамантска и нејзината суштина е секогаш да се даде повеќе од цената што ќе се плати за продуктот. Сте имале ли ваши искуства со сите овие видови на размена? Кој вид ви прави да се чувствувате добро?