РИПНИ - Работа И Пари              Ние Имаме

  • Почетна
  • Вештини
  • Успех
    • Тестови
    • Бизнис План
    • Маркетинг План
  • Зошто ?
  • Сведочења
  • Пријавување за Обуката

Вашите мисли -акции за вашиот успех

2/20/2012

1 Comment

 
Овој текст е произлезен од коментарите на претходниот блог: Зошто да работиме? Во нив беше загатното прашањето што е почеток на нашата акција? Секако тоа е вашиот начин на размислување или мислите што ги избирате за вас и другите луѓе во вашата околина. За ова вистина, вашите мисли го одредуваат вашиот успех во животот, како докази се спомнуваат великаните Буда, Брајан Трејси, учесниците во филмот Тајна, Книгата на Wallace D.Wattles “Наука за богатењето“ (линк со англиската верзија) и многу други мудри луѓе. 
Не треба да има никакаво сомневање дека оваа вистина функционира за сите луѓе. Прашањето е како ова влијае на нашите успеси или неуслеси во животот?  Секој поединец и група свесно или несвесно бираат мисли за својата сегашност и иднина. Овие мисли ги одредуваат нивните ставови кон себе, околината и другите луѓе. Овие прифатени мисли (ставови) ги одредуваат емоцииите на поединецот  и групата кон себе и другите луѓе. Тие можат да бидат израз на а) задоволство искажано преку интерес, пријателство, отвореност, соработка, почит и доверба кон другите луѓе или б) болка искажана како страв, омраза, непријателство, лутина, бес, непочитување и недоверба кон другите луѓе. 
Значи избраните мисли на расудување и размислување за вас и луѓето што ве опкружуваат се причините за емоциите што ги изразувате во комуникацијата со нив. Во бизнисот комуникацијата се извршува преку производите и услугите што ги разменувате со другите луѓе. Доколку работењето и размената со другите луѓе  ја сметате за задовослтво во кое им помагате на другите луѓе вие сте го оствариле првиот услов да комуницирате успешно и со многу луѓе. Комуникацијата со многу луѓе е изобилство на контакти и средби кои ви овозможуваат вашата работа да се шири и да се зголемува. Зголемениот успех во работата ви овозможува да имате уште поубави мисли за вас самите и другите луѓе што води кон уште поголема комуникација и размена на вашите производи и услуги со другите луѓе. И ваквата спирала е нагорна, спирала која води кон постојан успех во работата и бизнисот. Втората спирала е надолна и води кон постепено намалување на вашата способност за работа и успех. Доколку се плашите од другите луѓе вие ја ограничувате комуникацијата со нив, ограничената комуникација води до намален круг на луѓе што знаат што вие работите, нивниот мал број ќе предизвика намалена размена на вашите прозиводи/ услуги. а тоа води до помал обем на работа. 
Резиме на ова би било дека вашите мисли предизвикуваат емоција, манифестација на тоа што сакате или не сакате во нашата околина. Од таа манифестација зависи дали можете добро да комуницираме со другите луѓе, преку зборот и сетилата. Подобрата комуникација овозможува подобра размена на вашите способности, производи, услуги,  а зголемната размена е клучот за успех и ширење на бизнисот.. 
Затоа изберете мисли на избилие и прекрасна хармонија со луѓето што ве окружуваат за да искусите многу задоволство од тоа што го работите 
1 Comment

Зошто да работиме?

2/15/2012

2 Comments

 
Зошто секој поединец чувствува потреба да работи?  Преку неа тој се вклучува во размената со околината и другите луѓе. Во таа размена тој може да дава и прима вредност или пак да прима без давање вредност или да дава без примање против вредност.! Единствено првиот тип на рамена примање нешто со давање на притиввредност за тоа човек го прави среќен. Затоа мнозинството луѓе сакаат да работат за да дојдат то тоа што им треба и тоа што го сакаат во животот.  Повеќе за причините зошто човек се чувствува среќе кога работи посетете го следниот линк
2 Comments

Работата е Комуникација

2/15/2012

0 Comments

 
Работата е комуникација на поединец или група со другите луѓе во која се испорачуваат (разменуваат) вредности помеѓу луѓето. Во реалниот живот постојат четири видови на размена што ги користат луѓето. Многу е важно кој вид на услуга ќе се избере за да успех во тоа што се работи. Затоа блогот го почнувам со објаснување на четирите видови на зрмена што постојат помеѓу луѓето.1. Првиот тип на размена е кога од едната страна се нуди вредност, а од другата не се дава никаква противвредност. Што тоа значи? Сте платиле за услугата, сте дале пари, меѓутоа не сте добиле противвредност. Пр.одите на чевлар, кажувате дека сакате да ви биде заменета петата на кондурата, излегувате од кондураџијата, после сто метри повторно петата ви паѓа, ја губите. Значи, сте платиле за услугата, меѓутоа не сте добиле противвредност за вашите пари. И тој тип на размена е најлошиот тип на размена, кога едната страна дава вредност, а за тоа не добива никаква друга противвредност. 
2.Вториот тип на размена е нефер размена, каде што едната страна дава повеќе вредност отколку другата страна. На пример гледате во некој каталог ви се нуди книга во која што ви се вели дека ако ја купите добивате плус и одреден поклон како покажувач за читање или некои други додатни поклони. Одите да ја купите книгата, прво не ви ја испорачуваат во форма во која што ја рекламираат, на пример наместо тврди корици да има меки корици и на крај ви велат дека не можете да добиете подарок. И, вие плаќате одредена вредност за книгата, а од друга страна не ја добивате вредноста која што е декларирано дека ќе ја добиете. Овој втор тип на размена е нефер размена.
3. Третиот тип на размена е кога добивате иста вредност за вашите пари, толку колку што било предмет на размена. Овој тип на размена се вика фер размена. Значи, има приближно еднаква вредност и од страната на давањето и од страната на примањето и размената се случува на фер основи. 
4.И, четвртиот тип на размена е таканаречена дијамантска размена каде што оној што купува добива повеќе вредност. Попрецизно понудувачот изпорачува повеќе вредност од она што купувачот платил. На пример, нарачате спална соба, оној каде што сте ја купиле не само што ви го обезбедува квалитетот што сте го барале, туку организира транспорт до вашата куќа, плус тоа ви обезбедува дополнително монтажа, на некој начин ви нуди повеќе од она што било декларирано како вредност на производот. Оваа размена се нарекува дијамантска и нејзината суштина е секогаш да се даде повеќе од  цената што ќе се плати за продуктот. Сте имале ли ваши искуства со сите овие видови на размена? Кој вид ви прави да се чувствувате добро?
0 Comments

    Автор: Ристо Иванов

    Повеќе од 10 години ја развивам методологијата РИПНИ во Република Македонија.. Над 10.000 луќе дошле во контакт со неа. Во овој блог сакам да го коментирам моето искуство во примената на методологијата и созананието дека размената на поединецот со другите луѓе е многу важна за неговиот живот. Сфатив дека постојат навистина добри причини поединецот да работи и да дава противвредност за она што го добива од животот. 
    Тие причини сакам да ги спосделм на овој блог со корисниците на методологијата.

    Archives

    April 2012
    February 2012

    Categories

    All
    Вредности
    Комуникација и Работа
    Талент

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.