1 Верувате ли дека сте способни да предизвикате ефект и да влијаете на вашата околина и луѓето што ве опкружуваат? Најголемиот број на луѓе сметаат дека немат способности да влијаат на тоа што им се случува во животот ниту дека можат да променат нешто во нивната околина. Оваа мисла е прва и потекнува од начинот на расудување. За ова повеќе на блогот www.voznes8.blogspot.com
2. Следно е дали Сакате да промените нешто во вашата околина. Дали луѓето посакуваат нешто убаво за себе зависи најмногу од нивното верување дали имаат способност да го остварат тоа. Желбата да се добие повеќе од животот е тесно поврзана со цената што поединецот треба да ја плати за да го добие тоа што го сака. Претприемач е човек што е подготвен да ја плати цената за да го добие тоа што го сака. Значи секој е во состојба да го добие тоа што го сака доколку е подготвен да плати цена за тоа. Затоа нејчесто не посакувате нешто поголемо и подобро за вас затоа што не сакате да ја платите цената за тоа, поточно сакате да добиете нешто но не сакате да ја платите цената за тоа. А што е цената? Вашата лична подготвеност да со сила на вољата се менувате така за станете способен самиот да го остварите тоа што го сакате. Ако не посакувате нешто тоа е зошто не сакате да се менувате.
3. Третиот фактор е вашето Знаење за тоа како се случува размената со околината и другите луѓе. Повеќе за размената на линкот работата е комуникација.
Најголем број на луѓе не прифаќаат да станат прептриемачи бидејќи не сакаат да учат како да ја подбрат својата размена со другите луѓе на двострано добро, свое и на тој што користи тпроизвод или услуга.
Знаењето за околината и другите луѓе ви овозможува да разберете како размената се случува и да го внесате вашиот талент во оној бизнис што ќе ви донесе најмногу за вас и вашите купувачи.