РИПНИ - Работа И Пари              Ние Имаме

  • Почетна
  • Вештини
  • Успех
    • Тестови
    • Бизнис План
    • Маркетинг План
  • Зошто ?
  • Сведочења
  • Пријавување за Обуката

Вашите мисли -акции за вашиот успех

2/20/2012

1 Comment

 
Овој текст е произлезен од коментарите на претходниот блог: Зошто да работиме? Во нив беше загатното прашањето што е почеток на нашата акција? Секако тоа е вашиот начин на размислување или мислите што ги избирате за вас и другите луѓе во вашата околина. За ова вистина, вашите мисли го одредуваат вашиот успех во животот, како докази се спомнуваат великаните Буда, Брајан Трејси, учесниците во филмот Тајна, Книгата на Wallace D.Wattles “Наука за богатењето“ (линк со англиската верзија) и многу други мудри луѓе. 
Не треба да има никакаво сомневање дека оваа вистина функционира за сите луѓе. Прашањето е како ова влијае на нашите успеси или неуслеси во животот?  Секој поединец и група свесно или несвесно бираат мисли за својата сегашност и иднина. Овие мисли ги одредуваат нивните ставови кон себе, околината и другите луѓе. Овие прифатени мисли (ставови) ги одредуваат емоцииите на поединецот  и групата кон себе и другите луѓе. Тие можат да бидат израз на а) задоволство искажано преку интерес, пријателство, отвореност, соработка, почит и доверба кон другите луѓе или б) болка искажана како страв, омраза, непријателство, лутина, бес, непочитување и недоверба кон другите луѓе. 
Значи избраните мисли на расудување и размислување за вас и луѓето што ве опкружуваат се причините за емоциите што ги изразувате во комуникацијата со нив. Во бизнисот комуникацијата се извршува преку производите и услугите што ги разменувате со другите луѓе. Доколку работењето и размената со другите луѓе  ја сметате за задовослтво во кое им помагате на другите луѓе вие сте го оствариле првиот услов да комуницирате успешно и со многу луѓе. Комуникацијата со многу луѓе е изобилство на контакти и средби кои ви овозможуваат вашата работа да се шири и да се зголемува. Зголемениот успех во работата ви овозможува да имате уште поубави мисли за вас самите и другите луѓе што води кон уште поголема комуникација и размена на вашите производи и услуги со другите луѓе. И ваквата спирала е нагорна, спирала која води кон постојан успех во работата и бизнисот. Втората спирала е надолна и води кон постепено намалување на вашата способност за работа и успех. Доколку се плашите од другите луѓе вие ја ограничувате комуникацијата со нив, ограничената комуникација води до намален круг на луѓе што знаат што вие работите, нивниот мал број ќе предизвика намалена размена на вашите прозиводи/ услуги. а тоа води до помал обем на работа. 
Резиме на ова би било дека вашите мисли предизвикуваат емоција, манифестација на тоа што сакате или не сакате во нашата околина. Од таа манифестација зависи дали можете добро да комуницираме со другите луѓе, преку зборот и сетилата. Подобрата комуникација овозможува подобра размена на вашите способности, производи, услуги,  а зголемната размена е клучот за успех и ширење на бизнисот.. 
Затоа изберете мисли на избилие и прекрасна хармонија со луѓето што ве окружуваат за да искусите многу задоволство од тоа што го работите 
1 Comment
Dr. Apo link
3/23/2012 07:16:53 am

Го споделувам мислењето дека мислата е причината а последицата е се она што ни се дешава. Накратко овде би го парафразирал Шекспир кога вели дека ни сме тоа што мислиме. Некој друг рекол дека се што ни се дешава ни си го порачуваме. Тоа практично значи дека се она што го доживуваме како искуство е веќе видено од нашето внатрешно око, значи веќе е перцепирано како мисла која е прифатена од нашата поствест како вистинита. Овде би се навратил малку на народната мудрост, едноставно да се приземјиме малку повеќе. Познавав еден многу добар земјоделец кој беше и добар домаќин, кој пред секое одење на орање, на жетва или било која полска работа ќе речеше: Ајда нека биде добра мисла. На тој начин тој, односно луѓето си сугерирале себе (Автосугестија) и верувале во добрите последици од една таква добра мисла кое во крајна инстанца го потврдува тоа ш&

Reply



Leave a Reply.

    Автор: Ристо Иванов

    Повеќе од 10 години ја развивам методологијата РИПНИ во Република Македонија.. Над 10.000 луќе дошле во контакт со неа. Во овој блог сакам да го коментирам моето искуство во примената на методологијата и созананието дека размената на поединецот со другите луѓе е многу важна за неговиот живот. Сфатив дека постојат навистина добри причини поединецот да работи и да дава противвредност за она што го добива од животот. 
    Тие причини сакам да ги спосделм на овој блог со корисниците на методологијата.

    Archives

    April 2012
    February 2012

    Categories

    All
    Вредности
    Комуникација и Работа
    Талент

    RSS Feed

Powered by Create your own unique website with customizable templates.